Еден од првите организирани стартап настани во Македонија – Startup Weekend Skopje ќе се случи по шести пат оваа година, викендот на 28-30 октомври 2016, во Hub Skopje во Скопје.
Startup Weekend Skopje е 54 часовен глобален настан, каде програмери, менаџери, студенти, маркетинг експерти и млади и амбициозни претприемачи заедно споделуваат идеи, формираат тимови, создаваат продукти и формираат стартапи.
Startup Weekend глобални бројки:
- 1500+ настани
- 660+ градови
- 120+ земји
- Просечно 85 учесници на настан, со максимален капацитет од 125
- Просечно 10 нови вложувања.
Изминатите две години во Скопје имавме:
- 210+ учесници
- 50+ ментори и судии од Бугарија, Хрватска, САД, Естонија, Србија, Македонија, Словенија, Австрија
- 3 успешни стартап приказни: Buzz, Brainster.co, Vozime.mk
Настанот, кој е во организација на група волонтери, ќе се одржи во просториите на Hub Skopje во Скопје, под менторство на експерти и интересни награди за победниците. Во тридневниот настан учесниците ќе имаат можност да ги презентираат нивните иновативни идеи, да состават тим и добијат интересни награди, вклучувајќи можност за финансирање од најдобрите бизнис акселератори во Македонија и пошироко.
Учесниците ќе добијат единствена шанса да бидат обучени од најдобрите претприемачи, маркетинг експерти, стартап ветерани и бизнис програмери за тоа како најдобро, брзо и ефективно да ги претстават своите идеи на инвеститори и клиенти, како и од едноставна едеја да создадат успешен бизнис. Листата на досега потврдените ментори може да ги пронајдете на следниов линк.
Картите се веќе во продажба и истите може да ги .
Новостите околу SW Skopje може да ги најдете на:
Facebook, Twitter и Youtube.