Блогот за љубителите на фотографии Instagraphy организира изложба на Instagram фотографии. Изложбата е по повод првиот роденден на страницата. Настанот е закажан за 16 февруари со почеток во 21:00 часот, а ќе се одржи во Concept 37 во Скопје.
На #instagraphytk ќе бидат изложени фотографии од над 120 инстаграмџии. Истовремено изложбата има и хуманитарен карактер. Секоја од фотографиите ќе се продава за 50 денари. Собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.
Изложбата е одлична можност за средба, запознавање и дружење со Instagram заедницата во Македонија. Покрај дружба и изложба, вечерта ќе биде одлична можност за забава.
Instagraphy e вебсајт на неформалната македонска Instagram-заедница. Целта на проектот е да се прошири заедницата; да се запознаат македонските инстаграмџии; но и можност да се разгледуваат и споделуваат интересни содржини.
Повеќе податоци за настанот може да најдете на Facebook-страницата.