0 коментари 2 мин. читање 26 јануари, 2017

Замената на CyanogenMod, Lineage OS, е достапна за преземање

Отвореноста на Android за „custom ROM“ на уредите е една од омилените можности на многу корисници. За жал, на крајот на минатата години еден од тие омилени custom ROM-ови, Cyanogen OS, престана да постои. Ова не беше добра вест за сите кои се навикнаа на некои од можностите и нагодувањата на Cyanogen.

За среќа наследникот на оперативниот систем Lineage OS е веќе достапен. Оперативниот систем е базиран на Android 7.1 и Android 6.0 (ова зависи од уредот на кој ќе се користи). На почеток оперативниот систем беше достапен на неколку телефони:

  • Nexus 5X,
  • Nexus 6P,
  • Moto G4/G4 Plus,
  • Nextbit Robin
    и Xiaomi Redmi 1S.

Веќе на листата има и нови Android уреди за кои е поддржан LineageOS. Најавена е поддршка за вкупно 80 уреди.

Новиот оперативен систем ќе доаѓа со нов „build“ еднаш неделно, велат креаторите на блогот на Lineage.

Како и Cynogen и Lineage OS е со отворен код па сите заинтересирани можат да помогнат во неговиот развој. Досега OnePlus One се телефони со најмногу инсталации на Lineage OS (10.912). Следат Xiaоmi Mi5 (4.230) и OnePlus 3 (3.675), јави Android Authority.

Ако сте едни од првите кои веќе го користат Lineage OS, помогнете им на останатите читатели и споделете го вашите искуства и препораки во коментарите.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top