Resident Evil 7 излезе и има планови за проширувања

во гејминг

Како што можеби веќе знаете, Resident Evil 7 излезе вчера, а со него ни донесе и сосема нов трејлер, но и неколку интересни информации за идните надополнувања.

За краткото време од нејзиното постоење, играта собра 88% позитивни рецензии на Steam, а слична е состојбата и со рецензиите од видните сајтови, кои ја прикажуваат играта како исклучително страшно и вознемирувачко искуство. Но што нѐ чека во иднината?

Преку огромен блог пост, Capcom изјави дека поради временско-ексклузивниот договор, кој го имаат потпишано со Sony, првото DLC, насловено како Banned Footage Vol. 1, првин ќе лансира за PlayStation 4 (31 јануари). Овој додаток, кој чини 10 долари, а е и дел од сезонската пропусница за 30 долари, ќе биде достапен за Xbox One и PC три недели подоцна (21 февруари).

Banned Footage Vol. 1 располага со две нови Banned Footage сценарија и режим наречен Ethan Must Die. Првото Banned Footage сценарио ве предизвикува да побегнете од заклучена спална соба, без да го предизвикате гневот на Маркјурит Бејкер, а во второто сценарио, потребно е да ја дочекате зората така што им се спротивставувате на орда од непријатели. Ethan Must Die, според описот на блогот, е екстра тежок режим кој ве одделува од приказната од главната игра (да и ние би сакале да знаеме на што точно мислат).

Второто DLC, креативно насловено како Banned Footage Vol. 2 дополнително ја проширува играта со уште две сценарија и уште еден режим на играње. Второто проширување излегува на 14 февруари за PS4, а на 21 февруари за Xbox One и PC, по цена од 15 долари, или како дел од спомнатата сезонска пропусница.

Capcom уште еднаш потврди дека Resident Evil 7 се одликува со 4K поддршка на PS4 Pro, како и HDR поддршка и на PS4 и на Xbox One. Она што не потврдија, меѓутоа, е тоа дали и кога ќе биде доделено бесплатното DLC, насловено како Not a Hero, за кое се шепоти на истата страна каде демнеаат сите непотврдени гласини.

Сосема (не)поврзано, новиот Resident Evil филм, The Final Chapter, излегува на 27.јануари!

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments