0 коментари 2 мин. читање 29 септември, 2017

ИТ настан: Елиот Адамс ја носи Силиконската долина во Скопје

Како прв ментор на втората пред-акцелераторска програма наменета за ИТ стартапи, Seavus Инкубатор го најавува гостувањето на Елиот Адамс од Силиконската долина. Како и минатата година, во текот на октомври и ноември во Скопје ќе дојдат истакнати имиња од светот на претприемништвото во Seavus Инкубатор, каде стартапите ќе може да креираат и иновираат продукти.

Елиот Адамс има големо искуство во работа со претприемачи, пред сè како ментор на пред-акцелераторската програма на светски познатиот акцелератор Тechstars од Сан Франциско. Тој  е предавач на Интернационалната бизнис школа Hult со седиште во Сан Франциско, каде соработува со претприемачкиот центар Nasdaq и е автор на книгата “The startup mixtape” која ќе ја промовира за време на неговото гостување во Македонија. Интересен податок е дека еден од стартапите во кој работел како директор за технологија (CTO) е продаден за 22 милиони долари во 2008 година.

Аплицирањето за пред-акцелераторската програма на Сеавус Инкубатор е се уште отворено, а само 10 стартапи ќе имаат можност да земат учество во овогодинешната програма. Сите заинтересирани компании можат да аплицираат на веб страната на Seavus Инкубатор.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top