Наскоро помалку здодевни нотификации во Chrome

Avatar img-thumbnail img-circle

во Веб, Вести

Без сомневање веќе сте ги забележале здодевните барања на куп веб-страници кои сакаат да ви покажат нотификации. Иако не се сосем бескорисни, премногу нотификации и не се добредојдени и Google наскоро ќе овозможи ограничување на оваа функционалност. Вестите за промените доаѓаат во редовното известување за Chrome 80.

Со следната надградба на прелистувачот Chrome, овие поп-ап известувања ќе бидат блокирани, а известувањата ќе бидат сметени во „лентата“ за адреса, со куса порака „блокирана нотификација“. На мобилната верзија останува поп-ап верзија, но сега единствено како лента, со известување дека пораката е блокирана.

Корисниците кои сакаат ќе можат да се вратат на стариот начин на известување. Во нагодувањето на прелистувачот треба да отидат во секцијата за нотификации и од таму да одберат што ќе прават со „use quieter messaging“ функционалноста.

Овие промени се воведени на барање на корисниците, кои вообичаено се жалат на пречестите барања за нотификации, пишува Google во блогот. Вообичаено корисниците речиси автоматски ги одбиваат овие барања, па тие остануваат единствено пречка во работата и прелистувањето на веб-страниците. Една од причините за ова е што во принцип се користат лоши практики за нотификации. На корисниците овие барања им се пуштаат веднаш по отворањето на страницата, наместо малку да се почека тој да ја разгледа содржината која е достапна на страницата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments