Со оглед на тоа да пандемијата не попушта, технологијата започнува со интересно прилагодување на неа. Еден таков пример е можноста да бидете препознаени од телефонот дури и да носите маска. Имено, сега доколку пробате да го отклучите вашиот iPhone додека носите маска, детекцијата на лице ќе биде неуспешна и ќе се бара да го внесете вашиот код.
Еден од новитетите на надополнувањето iOS 14.5 ќе биде да ви дозволи отклучување на телефонот додека носите маска. Решението воопшто не е магично и за да може да бидете препознаени потребно е да носите и Apple часовник.
Оваа надополнување сеуште е во бета верзијата, а се очекува да пристигне овој месец, најдоцна – април. Во случај да сте заинтересирани и за некои други промени кои ќе бидат донесени со надополнувањето:
- Поставување одреден музички плеер да биде главен за репродукција музика
- Над 200 нови емоџи
- Стриминг на Fitness Plus вежби со AirPlay
- Поголема транспарентност при собирање податоци
- Глобална поддршка на dual-SIM 5G
- Сири ќе може да вика полиција или брза помош
- Поддршка за PS5 и Xbox Series X контролери