Наскоро ќе имаме нов ИТ министер

во ИТ.МК

Иво Ивановски се повлекува од функцијата на министер за информатичко општество и администрација. Г. Ивановски го водеше министерството осум години, откако во 2006-та беше именуван како министер без ресор одговорен за ИТ општеството, за потоа да стане министер во 2008-ма година кога се формираше Министерството за информатичко општество, подоцна и за администрација. Тој ќе го напушти министерството на 1-ви септември, и ќе замине да работи за бугарска компанија. Некои медиуми шпекулираат дека се работи за компанијата Мтел Бугарија, иако засега нема официјални податоци. Нема информација од Владата кој ќе биде следниот ИТ министер.

Една од пооглемите обврски кои го чекаат идниот министер е продолжување на развојот на е-Влада, односно креирање и усовршување на јавните електронски услуги. Овој проект е од круцијално значење за Македонија да стане долго-ветеното „информатичко општество“. Иако Македонија е поврзана земја, со ефтин пристап до интернет во кој уживаат 68 отсто од домаќинствата, според Заводот за статистика; сепак добар дел од повозрасните граѓани не користат интернет, ниту пак имаат пристап тие што се во руралните средини.

Гoлем проблем е развојот на е-трговијата која што уште е скоро непостоечка. Иако пред една година го добивме PayPal како сервис, сепак се покажа дека ниту македонските корисници, ниту македонските компании се вклучени aктивно во е-трговија. Еден од предусловите за вистинско информатичко општество се уште останува нерешен проблем – тоа е иновативноста. Според Светскиот економски форум, македонските бизниси не се иновативни што е проблем за да бидат конкурентни на регионалниот пазар. Друг проблем е стартап сцената во Македонија која моментално е водена од ентузијасти. Иако пред една година беше стартуван Фондот за развој на иновации, кој подели скоро пола милион евра на 16 стартапи во првата своја рунда на апликации, сепак повеќето македонски стартапи бараат инвестиции надвор од државата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk