Направете дигитална полица од вашите книги со Bookshelf

Пред некој ден, пишувавме за тоа како можете да водите евиденција за читањето на вашите книги со апликацијата Bookly. Но, во случај да таа апликација не ве импресионира на начин на кој првично се надевавме, имаме уште една апликација која ви дозволува да водите евиденција за вашите книги на малку поразличен начин.

Како апликација и за Android и за iOS, Bookshelf ви дозволува да ја изградите вашата дигитална полица со книгите кои ги имате, за да добиете визуелно-поиполнителна претстава за вашите книги, како и полесно да управувате со нив.

Преку Bookshelf, ги внесувате книгите така што директно ги пребарувате преку моќниот пребарувачки енџин или пак преку скенирање на нивните ISBN кодови. Велиме скенирање, но, всушност се работи за сликање на кодовите со вашата камера, при што кодот се препознава и автоматски се регистрира книгата на вашата дигитална полица.

Штом ги сместите книгите, можете да ги организирате низ различни полици, да ги подредувате според различни категории, да вметнувате лични забелешки за секоја книга, како и да следите дали некоја книга сте далe или сте позајмиле од некого.

Интересно е тоа што за секоја книга можете да внесете колку пари сте потрошиле и да добиете увид во целосниот трошок кој го инвестирате за оваа хоби. Покрај ова, можете да го следите и времето на читањето, со што добивате детален визуелен извештај полн со статистички податоци за вашите навики при читањето.

Bookshelf е бесплатна и корисна апликација за која, пред да ја користите, потребно е да направите кратка регистрација.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk