Агенцијата за електронски комуникации помпезно, со промоција на која присуствувaа министри, декани и други официјални претставници, објави џебно издание на „Лексикон на електронски поими“. Џебното издание ќе има 20 странички и ќе биде бесплатно, поминете во АЕК и земете си.
Тоа што е лошо е што ќе нема веб издание на истиот Лексикон, иако директорот на АЕК, Роберт Орданоски, вели дека „со доаѓањето на ерата на дигитализација ваквата едукација на граѓаните е неопходна“. Можеби понатаму ќе има вистинска „дигитализација“, со второто издание на џебниот Лексикон, велат од АЕК.
Замислете си ситуација да се сретнете со поим за електронска комуникација кој не го разбирате? Дали а) ќе отворите некој од овие .мк веб речници или други лексикони, и ќе најдете превод и објаснување на поимот кој ве буни; или б) ќе извадите од џеб Лексикон за електронски поими од 20 странички? За да биде појасно за што станува збор, за што содржат тие 20 странички, еве примери извадени од џебниот лексикон:
- Апликациска програма за интерфејс (АПИ) – софтверски интерфејс меѓу апликации кои ги нудат радиодифузни организации или даватели на услуги и средствата во современа дигитална телевизиска опрема за дигитални телевизиски и радио услуги.
- Број – број определен со Планот за нумерација за јавни комуникациски мрежи и услуги на Република Македонија.
- Географски број – национален број кој се однесува на одредено географско подрачје.
- Давател на универзална услуга – правно лице кое обезбедува универзална услуга.
- Јавна комуникациска услуга – електронска комуникациска услуга достапна на јавноста.
- Корисник – физичко или правно лице кое користи или бара јавна комуникациска услуга.
- Преноснички код – цифра или комбинација од цифри без националниот префикс, кој го карактеризира повиканото нумерациско подрачје и се бира пред претплатничкиот број на повиканиот претплатник кога повикувачкиот и повиканиот претплатник се наоѓа во различни нумерациски подрачја.
- SMP-Significant market power – значителна пазарна моќ означува дека некој субјект има доминантна положба на пазарот.
- …
Идејата да се даде печатено џебно издание на „Лексикон на електронски поими“ има смисла само ако сте, на пример, во ситуација каде што треба да се справите со брошури, печатени магазини за електронска комуникација и слично… Но, и дури и ако Лексиконот е замислен за такви ситуации, колку е тешко истите тие 20 странички да се закачат на веб сајт?








AEK http://i.imgur.com/vn1h2.jpg
LIKEEE
Лош притап кон типот на медиумот на кој што се наоѓа лексиконот, а и дадените примери се несоодветно опишани.
Електронскиот лексикон има побрза корекција на описите, полесно додавање на нови поими итн итн.
Captain Obvious reporting for duty
Cpt.Obvious – Stating the obvious since the beginning of time.