8 коментари 2 мин. читање

HTC го претстави Sensation XL со најголемиот екран до сега и Beats Audio

HTC пред две месеца ја купи аудио компанијата Beats на др. Дре и веднаш започна да ја вградува технологијата во своите нови модели на телефони. Прво го претстави HTC Sensation XE, а синоќа во Лондон го претстави и HTC Sensation XL кој е третиот и најголемиот до сега Sensation модел од HTC.

Sensation „extra-large” има 4,7-инчен LCD екран (11.9cm) со 480 x 800 резолуција, претходните HTC уреди се со 4,3-инчен екран, и има димензии 132.5mm x 70.7mm x 9.9 mm. XL работи на Android со HTC Sense интерфејс, и има 1.5 GHz, 768 RAM меморија, 16 GB простор, 8 мегапиксели задна камера со двое LED блиц, поддршка за снимање 720p HD видео и 1.3 мегапикесели предна камера за видео повици.

Уредот доаѓа со Beats слушалки кои се интегрирани со Beats профил на корисникот. Очигледно е дека со користење на аудио технологијата, HTC се обидува да ги привлече помладите корисници кои би го користеле телефон и како аудио уред, како конкурент на iPod-от.

„Со Beats Audio, HTC Sensation XL ја продолжува посветеноста на компанијата да овозможи најдобар можен звук на вашиот телефон, независно дали слушате музика, гледате филм или играте некоја игра”, вели директорот на HTC, Питер Чу.

HTC Sensation XL ќе биде достапен од 24-ти октомври.

[youtube]6mF0j02SuFw[/youtube]

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

8 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top