0 коментари 1 мин. читање

Naked Labs направи паметно огледало кое ви кажува дали слабеете

Фитнес скенерот на Naked Labs е најверојатно најсофистицираниот фитнес уред кој може да го поседувате. Уредот доаѓа со огледало и вага, кои го скенираат целото тело и ја регистрираат тежината, а потоа го одредуваат индексот на телесни масти. Naked 3D Fitness Tracker доаѓа со Intel процесор, Wi-Fi антена, ротациона плоча, апликација за паметен телефон и скенери за целото тело. Цената на уредот е прилично повисока од останатите слични уреди, а Naked 3D Fitness Tracker за 500 долари е достапен во претпродажба, јави VentureBeat.

naked-labs-2-800x589

Идејата за развој на овој уред е на Фарад Фарабакшиан кој забележал дека дел луѓето кои вежбаат се разочарани кога нема да ослабат брзо. Она што го овозможува овој фитнес монитор е скенирање и следење на тежината и односот на мастите и мускулната маса, а со тоа и ги мотивира сите корисници да продолжат да вежбаат покажувајќи им резултати дека слабеат и дека се здрави.

Начинот на мерење е едноставен. Најпрво корисникот застанува на вртливата плоча пред огледалото, плочата се врти и го скенира телото на корисникот, а податоците ги испраќа во облакот. Она што може да одврати дел од корисниците е скенирањето на интимните делови и нивното закачување во облакот. Според најавата скенерот е прилично прецизен па доколку некој дојде до 3Д-сликата нема да има потреба од премногу фантазија.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top