Британската служба за разузнавања му се извини на Алан Туринг, 60-години по неговата смрт

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет

Шефот на британската служба за разузнавање, GCHQ, по повеќе од шеесет години се извини за нивниот дискриминирачки однос што агенцијата го имаше кон „таткото“ на компјутерите, Алан Туринг, јави BBC.

Алан Туринг успеа да создаде машина со која го откри криптирањето на германските пораки, и ги постави основите за првите компјутери. Како последица на неговата генијалност се проценува дека поморската војна во Втората светска војна е скусена за цели две години. Но, во 1952 година г. Туринг беше хемиски кастриран откако го уапсија поради врска со 19-годишно момче од Манчестер. Се верува дека поради импотенција предизвикана од хемиската кастрација, г Туринг е доведен во депресија која заврши со самоубиство во 1954 година.

Г. Туринг е само една од жртвите на политиките на GCHQ кои до 1990 година не ги користеа талентите на луѓето доколку не им се допаѓаше нивната сексуална определба. Ова е периодот по Втората светска војна и Студената војна. „Среќен сум што можам денес да кажам дека ни е жал што кон него, но и кон многу други се однесувавме вака до 1990-та, кога ја променивме праксата. Вистина е дека ова беше честа пракса во минатото, интолерантност на времето и на Студената војна, но ова не го прави помалку погрешно и треба да се извиниме“, вели Роберт Ханиган, шефот на GCHQ.

Алан Туринг пак беше помилуван пред неколку години, 50 години откако му беше понуден избор хемиска кастрација или затворска казна.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments