{mosimage} Mozilla Firefox 3.5, со 21.9 отсто од пазарот, е најпопуларниот прелистувач во светот,
според статистиката на StatCounter. Оваа верзија на Firefox го надмина и Internet Explorer 7 (21.2 отсто).
Барем во моментот Firefox 3.5 може да ужива во својата популарност. Но, на графиконот подолу се забележува пораст во користењето на Internet Explorer 8 кој доаѓа со новиот оперативен систем Windows 7. Падот на IE 7 се должи на тоа што корисниците се префрлуваат на IE 8. Затоа, тешко дека Firefox ќе остане на првото место долго време.
Но, од друга страна, ова е интересен момент кој покажува дека Internet Explorer полека, но сигурно ја губи доминацијата. Посебно ако се земе во предвид дека Microsoft веќе нема да продава Windows со вклучен IE во Европа, туку европските корисници ќе имаат опција да си одберат еден од неколкуте понудени прелистувачи.
{mosimage}






