0 коментари 2 мин. читање 21 декември, 2009

ИТ.МК: До фебруари секој наставник ќе добие лаптоп

{mosimage} До фебруари сите наставници ќе добијат преносен компјутер, вели Mинистерстовото за информатичко општество. МИО вели дека е започната официјалната дистрибуција на 22.000 лаптопи за наставниците во средните и основните училишта.

Еве дел од соопштението:

Секој професор ќе поседува службен преносен компјутер што ќе го носи на работа и дома и на кој ќе ги подготвува своите наставни програми и содржини. Покрај интернет, преносните компјутери се опремени и со излези за видеобим и печатач.

„Со овие 22.000 лаптопи Македонија стана прва земја во светот која има компјутер за секој просветен работник. Лаптопите се модерни, функционални и доста моќни, едноставни и преносливи. Набавени се, пред се, за модернизација на наставата и за да им се олесни на наставниците да ја подготвуваат наставата и вон работното време. Целта е македонското образование да се крене на повисоко ниво на кое ќе биде истакната креативноста на професорот“, рече ИТ министерот Иво Ивановски.

{mosimage}

Проектот чини околу 250 милиони денари. 12.000 професори од средното образование ја поминаа обуката минатата година, а сега следува и обука за наставниците во основните училишта.

Од второ полугодие и основците ќе работат на компјутери, кои до крајот на јануари ќе бидат поставени во сите основни училишта и ќе бидат завршени зафатите во инсталациите за електрична енергија. Според извештајот на Министеството за информатичко општество, оштетени се 8 до 9 проценти од компјутерите во училиштата.



Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top