Обично, до педесетите години на минатиот век, како главен начин за дистрибуција на музиката се користеа грамофонските плочи. На балканот, трендот од таквото нешто нѝ се чини дека потраја малку подолго, а и ден-денес можат да се пронајдат одредени продавници кои специјализираат во продавање „лонгплејки“.
Ретро фановите на оваа исклучително нежна технологија од минатото и љубителите на џаз, фолк, канри, блуз, или класична музика под итно треба да бидат запознаени со The Great 78 Project. Во соработка со The Internet Archive и Boston Public Library, корисниците имаат на располагање најразлична музика која е префрлена од плочите директно во дигитална форма, заедно со сите несовршености кои одат рака под рака со оваа технологија. Па така, поголемиот број од музичките нумери не се исчистени од препознатливите пуцкања и кликнувања кои беа карактеристични за плочите.
Boston Public Library 78rpm Collection се одликува со скоро 50 000 нумери кои можете да ги сортирате според бројот на преслушувања, наслови, датуми на архивирање, или креатори. Песните се во временски период од 1901 па dо 1966 година. Boston Public Library полека планира да ја зголеми бројката и да понуди за бесплатно преземање и преслушување 200 000 „винилки“.
[…] за тужбата е „Great 78 Project“ на Internet Archive. Станува збор за проект кој е во […]