Да преживее во дивината каде што не опстанува ниедно живо суштество и притоа да пропешачи речиси 1.200 километри за 48 дена, влечејќи санка тешка повеќе од 100 килограми, му успеа само на еден Хрват – Давор Ростухар. За тоа како успеа да го оствари својот најголем сон, за првата хрватска самостојна експедиција на Јужниот Пол, ќе раскаже најголемиот авантурист на овие простори, на 11-тиот Weekend Media Festival овој септември во Ровињ.
Зошто моментално се наоѓаме во посткнижевна доба, во која читањето стана реткост како во средниот век, ќе ви открие Дејан Верчиќ, професор и шеф на Одделот за комуникации на Универзитетот во Љубљана. Верчиќ ќе зборува за враќањето на фокусот од зборовите на сликите кои ја обликуваат денешната комуникација. Комуникациските трендови не му се непознати, а со нив редовно се сретнува уште од 1994 година, откако го организира BledCom, годишниот меѓународен симпозиум за истражување на односите со јавноста.
“Лажните вести, пост-фактите и пост-вистината поттикнуваат граѓански и потрошувачки промискуитет – доаѓаат нови бурни дваесетти и луди години, во кои конечно ќе ја напуштиме Гутенберговата галаксија и ќе тргнеме во убавиот нов свет на подвижни слики”, вели Дејан Верчиќ.
Словенечкиот практичар и теоретичар за стратешка комуникација, дипломирал на Лондонската школа за економија и политички науки (ЛСЕ) и досега напишал повеќе од 10 книги и 300 научни трудови. Партнерот и директор на знаење во компанијата Stratkom, награден е во 2001 година во Велика Британија со медалот Алан Кембел-Џонсон за исклучителен придонес во меѓународните односи со јавноста и во 2016 година во Њујорк, со највисоката награда на американскиот Институт за односи со јавност за практична употреба на научните истражувања – Pathfider Award.
Од Унгарија ни доаѓа основачот на SpringTab.com и спортист од Универзитетот во Јужна Калифорнија, Питер Санто кој ќе одржи говор за магичната формула која ќе им помогне на учесниците успешно да го продадат својот питч. На неговата корисна работилница, учесниците ќе можат да ги презентираат своите идеи, а тој за помалку од 10 минути ќе ги деконструира и ќе создаде магична реченица за секој од нив.
Санто, кој е и познат влогер кој се занимава со продуктивноста, е сместен во првите 30 под 30 години во унгарското издание на Форбс, а во својата кариера соработувал со Time Warner, L’Oreal, OTP, Fashion Street и TripTrotting. Говорникот од Унгарија со споделувањето на совети за тоа како најдобро да го стартувате вашиот личен бренд ќе биде уште едно супер искуство, а уживајќи во работите што го интересираат успеа да изгради име во светот на дигиталното работење.
Најголемиот регионален комуникациски фестивал оваа година се одржува од 20 до 23 септември, како и секогаш во Ровињ.
Сите маркетери можат да ги пријават своите кампањи на седмиот по ред BalCannes, а најдобрите дигитални кампањи во регионот повторно ќе бидат претставени на SoMo Borac.