Jапонците измислија постер кој реагира кога ќе го бакнете

1 коментар 1 мин. читање

Јапонија отсекогаш била екцентрична кога се работи за „љубење“ роботи и измислени дигитални карактери, но овојпат се чини дека креираа продукт кој може да им се допадне на западните маркетинг агенции и популарни ѕвезди. Се работи за дигитален интерактивен постер кој реагира на вашите движења, поточно реагира кога ќе го бакнете.

Замислете си дека имате постер од Величенствениот, Ферхунде, Цеца или некоја друга рандом турбо фолк пејачка или звезда од турските серии, се наведнувате, го бакнувате, а личноста (постерот) ви го возвраќа бакнежот. Прекрасно, нели? Шегата на страна, ова технологија која доаѓа од Универзитетот од Кеио може лесно да ги трансформира билбордите и да го дигитализира класичниот маркетинг.

„Веруваме дека поп иконите ќе позираат за ова и ќе го продаваме како апликација, или пак да го користиме како дигитален потпис. Мислам дека луѓето навистина ќе бидат привлечени од лицето што ви дава бакнеш додека поминувате покрај него.“, велат истражувачите од Универзитетот.

[youtube]xyFZl7lCz_s[/youtube]

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед