2 коментари 1 мин. читање 9 октомври, 2015

Volvo и Mercedes ја прифаќаат одговорноста за сообраќајки со автономните возила

Google, Volvo и Mercedes ќе ја прифатат одговорноста за незгодите кои ќе бидат предизвикани од нивните автономни возила. Ова најверојатно ќе биде задоволителен одговор за сите кои си го поставиле прашањето „Чија е вината доколку автономно возило предизвика сообраќајна незгода?“.

Одлуката на трите компании до судот во Вашингтон ја пренесе Хакан Самуелсон од Volvo. „САД ризикува да го загуби приматот поради државни регулирање. Европа страда поради куп закони и напатствија, би било срамота доколку и САД тргне по истиот пат,“ пренесува Autoglide.

Бројот на компании кои ги тестираат или планираат да ги тестираат автономните возила е во постојан пораст: Apple, Google, Volvo, Tesla, Toyota, Uber, Mercedes се меѓу најголемите во светот кои го форсираат новиот тренд на роботи-возачи.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top