Airbnb e oдличен пример на се-попопуларните стартапи за сместување чиј потенцијал беше награден со инвестиција од 112 милиони долари за понатамошно развивање. Идејата дека преку Веб лесно може да се најде или изнајми стан станува се популарна, бидејќи сега може да се искористи друштвениот граф, односно корисниците да ги направат рецензија за местото која ќе можат да ја споделат со своите Facebook пријатели, правејќи го станот подостапен и поинтересен и за други гости.
Тоа што е интересно кај Airbnb е што има излистано бројни станови од Охрид и Скопје. Има избор и за други македонски градови, иако овие два града се порелевантни сега заради летниот одмор, односно можат лесно да се најдат станови и охриѓани можат да привлечат странци како гости, како и заради почетокот на студентската година кога се бараат и издаваат места за живеење во Скопје.
Според Airbnb, кој е стартуван само пред три години, во 2008-ма, тие им наоѓаат место за престојување на 10.000 гости по вечер, што го прави сервисот доста популарен за тие што изнајмуваат станови и за тие што патуваат ширум светот на одмор или по работа и бараат привремено место за живеење кое не би било скапо како хотел.
Mоментално во Македонија наоѓања на привреме живеалиште значи и листање на огласи, дел од весниците, дел од веб огласувачите. На крај тоа барање огласи се сведува на вртење телефони и шетање од стан до стан. Разликата со Airbnb и сличните сервиси е што го користат корисничкото искуство да направат рецензија и таа оценка да биде споделена на друштвените мрежи.

Покрај корисничкото мислење како најважен критериум, Airbnb има добро организирани опции за информација за привременото живеалиште. Пример, има опции за одредување на датум од кога до кога се изнајмува, колку гости ќе има, мапа и фотографии, што помага да се најде привремено живеалиште по свој избор, едноставно и користејќи компјутер наместо да се шетате низ градот и да разгледувате купишта разни станови. Откако ќе го изберат станот корисниците можат да се поврзат со тој што го издава станот да се распрашаат за местото и условите. Корисникот тогаш плаќа со кредитна картичка што ја гарантира резервацијата на местото, а Airbnb ги чува парите се додека не се пријави гостинот. Аirbnb зема мал процент од трансакцијата.
Ваквите сервиси за сместување стануваат се попопуларни и со тоа привлечни за инвеститорите. Покрај Airbnb, и европскиот Wimdu привлече 90 милиони долари инвестиција. Нo, Wimdu, како и 9flats или Roomarama, немаат излистано станови од Скопје или Охрид, но затоа имаат бројни места доколку одите на одмор во странство.
Коментари
6 коментари
Коментарите се затворени.