Компанија Foxconn, со седиште во Тајван, планира во наредните три години да замени голем дел од работната сила со роботи. Foxconn е една од најголемите технолошки компании во светот кои се занимаваат со производство на компјутерски компоненти и нивно монтирање. Foxconn склопува производи за Аpple, Sony и Nokia.
Компанијата моментално има 1.200.000 вработени, од кои 1.000.000 од нив се наоѓаат во производните капацитети сместени во Кина. Според директорот Тери Гу, компанијата моментално има 10.000 роботи, а во наредните три години се планира тој број да достигне 1.000.000, и со тоа да се намалат трошоците за работна сила и да се зголеми ефикасноста. Задачата на роботите е да вршат основни и едноставни работи, како што е бојадисување, заваравуање и монтирање. Овие задачи сега се вршат рачно од страна на кинески работници.
Foxconn моментално го тресе скандал поради низата самоубиства кои се имаат случено во фабриките кои се наоѓаат во Кина. Се наведува дека причините за овие самоубиства се тешките работни услови.
Кина можеби има комунистичко уредување, но очигледно е дека начинот на кој ја водат економијата им е прилично капиталистички ориентирана. Кина направи голем економски бум благодарејќи на многубројната работна сила со која располага, и нивното заменување со роботи сигурно не е најдобриот потег. Времето ќе покаже.







