Подземни Фреквенции, отворениот музички сервис „каде што нема диктатура и секој може да учествува“, неодамна стартуваше своја онлајн продавница каде може да се најдат албуми на македонски алтернативни бендови. Продавницата има поддршка четири македонски издавачки куќи, што само го потенцира изборот. Има албуми од панк, до метал и инди рок бендови, некои повеќе познати од другите, но сите локални и со потенцијал. Продавницата нуди и ретки албуми (CD-а и плочи) на старо од странски бендови кои не може да се најдат во физичките продавници.
За жал, како и поголемиот дел од малите е-продавници во Македонија, и Подземни фрекфенции има проблем со доставата и наплатата. Моментално системот за директна достава работи само во Скопје, а купувачот може да плати на лице место со доставата или да плати првин преку трансакциона сметка. Што се однесува до другите градови, тие ги праќаат купените албуми по пошта или пак бараат волонтери кои ќе им помогнат да ги дистрибуираат директно.
Сепак, целта на продавницата (и на сервисот) е да успее да се прошири првин во Македонија, па потоа во Бугарија и другите балкански земји со цел да дистрибуира македонска алтернативна музика. Затоа, подржете ги локалните музичари, купете нивно ЦД и поклонете го за Нова година!
волунтери :)
i Rap zaboravi da navedesh