0 коментари 2 мин. читање 1 декември, 2020

Кинескиот гигант JD ја откри првата фаза на Ксионган градот на иднината

Ксионган паметниот град на иднината, влегува во прва фаза. Кинескиот е-комерц гигант JD ја најави првата фаза на овој проект.

Платформата на која се заснова целиот град ќе собира и обработува куп на податоци. Сите податоци од градот ќе се прибираат, обработуваат и препраќаат од една централна локација. Оперативниот систем кој е централен дел од е наречен Intelligent City, и ќе обработува податоци со кој се се управува со сè. Ксионган ќе се оптимизира со податоци од сателити, сензори за препознавање, 5G мрежа.

Системот ќе прибира и чувствителни податоци како аудио и видео записи, но и податоци за патувањето и потрошувачката, пишува South China Morning Post.

„Во ерата на паметни градови не ни се потребни единствено препознавање на говор и лик, кои припаѓаат во широко распространета вештачка интелигенција. Потребно ни се специфични модели за паметни градови како што е предвидување на движење на сообраќајот, рано известување за собирање во групи и податоци за локации на станици за полнење“, велии Женг Ју, шеф на одделот за податоци во JD.

Проектот за Ксионган како паметен град гои поддржуваат и кинеските власти. Претседателот Си Џинпинг е еден од најголемите поддржувачи на проектот. Најголемите и најмоќни технолошки компании и институции како: Alibaba Group Holding, Tencent Holdings, Baidu, Zhongguancun Science Park и Tsinghua University имаат свои проекти во градот.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top