ИТ.ЕУ: Повторно не за исклучување од интернет

во ИТ.ЕУ

{mosimage}Европскиот парламент повторно утврди регулатива со која се одбива законот „од 3 чекори“ односно идеја за законот со кој ќе се исклучат корисниците од интернетот доколку бидат фатени да симнуваат или закачуваат онлајн содржина која ги прекршуваат авторските права, односно пиратска содржина.

Овој закон се повеќе се дискутира низ индивидуални земји и најблиску до воведување е Франција која е една од најгласните поддржувачи на истиот закон од 3 чекори, односно 2 формални предупредувања по кои третата постапка значи исклучување. Овој закон не е само проблем на Европа. Во Нов Зеланд владата мораше повторно да размислува за исклучувањето, откако првобитниот план наиде на остри реакции од јавноста.

Европскиот парламент го изгласа како несоодветен овој закон со огромно мнозинство 481 гласа против, 25 за, откако беше објавен извештајот за безбедност и заштита на фундаменталните слободи на интернетот, изработен од грчкиот европратеник Ставрост Ламбринидис.

“Додека се осигуруваме дека интернетот е побезбеден како основна цел за нашето општество, ние мораме да го набљудуваме и да го намалиме користењето на мониторинг и контролни техники кои ни ја нарушуваат нашата слобода, посебно во случај каде во прашање е неопходноста, пропорционалноста и ефективноста“ пишува во извештајот, што во превод значи дека поради ефикасноста на законот од 3 чекори ќе мора да се набљудуваат корисниците и нивната онлајн активност.

{mosimage}



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments