{mosimage}Престанете да се глупирате и сфатете ги друштвените мрежи сериозно, е пораката на Марта Каген, маркетинг експерт на Espresso агенцијата и креаторот на одличната „What the F**k is Social Media“ презентација од 84 слајда преку која ги објаснува феноменот на друштвените мрежи и зошто треба да ни е гајле за нив.
Во презентацијата „What the F**k is Social Media: One Year Later“ таа ги објаснува друштвените мрежи како „моќ со која нема играње“
бидејќи, според статистиките:
- 2/3 од глобалната интернет популација користат друштвени мрежи;
- потребни се 412.3 години да го прегледате секое YouTube видео, но не се вклучени 13 часа материјал кој се закачува на сервисот секоја минута;
- има 13 милиони текста на Wikipedia;
- има 3.6 милијарди фотографии на Flickr;
- дневно има 3 милиона твита на Twitter;
- дневно се поминуваат 5 милијарди минути на Facebook…
Марта Каген преку презентацијата објаснува дека иако 93% oд корисниците сакаат компаниите да бидат на друштвените мрежи, сепак тие не сакаат да читаат глупости од компаниите „бидејќи, треба да биде дијалот, а не монолог. Затоа престанете да се глупирате и бидете сериозни во искористуавањето на моќта на оваа работа“.
Нејзината постара презентација за друштвените мрежи може да ја најдете тука.