{mosimage} Мобилниот оператор VIP и Тутунска Банка стартуваа интересна услуга за надополнување на сметката преку банкоматите на Тутунска банка. Сметката може да се надополни со сите картички, дебитни или кредитни, од MasterCard и Visa и сите домашни платежни картички. Надополнувањето може да биде во износ од 100 до 5.000 денари.
Во моментот надополнување може да се направи само на 60 банкомати во Скопје, а најавено е дека до крајот на октомври оваа опција ќе биде овозможена низ цела Македонија. Ова е интересен потег на VIP. Претходно тие воведоа и надополнување на кредит преку интернет. Се надеваме и дека останатите ќе го следат овој потег.
Демо: Како да се надополни сметка преку банкомат?
Добивај известувања
Најава
0 Коментари
Најнови






