Bing и Google ќе вклучат твитови во пребарувањата

во Веб

{mosimage} Твитовите ќе станат дел од резултатите кои луѓето ги пребаруваат на интернет преку Bing и Google. Двата гиганти во ист ден ја најавија соработката со сервисот за микро-блогирање.

„Twitter произведува милиони твита секоја минута на најразлични теми. Ако се погледнат твитовите во форма на податоци тогаш нивната моќ е огромна. Иновативните сервиси како Twitter ни даваат пристап до јавното мислење и идеи на начин кој до сега не беше можен.“ пишува Паул Јуи, главниот за пребарување на Microsoft, на блогот на Bing.

Пребарувањето на твитови е достапно на Bing на www.bing.com/twitter.

{mosimage}

Но тоа не е се од Мicrosoft. Ки Лу, одговорниот за онлајн сервисите во Мicrosoft, најави на „Web 2.0 Summit“ дека наскоро ќе започне иста соработка и со Facebook. Можеби Microsoft се надева дека со ова ќе зграпчи повеќе од 15-20 отсто од интернет пребарувањето и ќе го намали доминатнотно влијание на Google кој држи 70 отсто од интернет пребарувањето. Но…

Истиот ден кога Microsoft ja објави веста, и Google најави дека во наредниве месеци ќе започне соработка со Twitter, и дека твитовите ќе бидат интегрирани во пребарувачот.

„Во последниве неколку години, се појави нов вид на податоци – информаците во реално време, како тие на Twitter, не се само нов начин на луѓето да комуницираат меѓу себе, туку и се интересен извор на податоци за тоа што се случува сега во однос на некоја актуелна тема.“ пишува Мариса Милер, под-преседателот за пребарување и корисничко искуство на Google.

{mosimage}

Што се однесува до Twitter, тие не го продадоа своето пребарување во реално време. Напротив, му го проширија влијанието.

„Поради нашиот отворени пристап, има многу начини за интеракција со Twitter, а ќе има уште многу. Како што се развива сервисот така развиваме значајна соработка со компании кои ја споделуваат нашата визија за креаирање на вредност за сите – посебно за корисниците. Без врска дали е старт-ап, голема компанија или луѓе кои споделуваат информации, ние поставуваме успешни партнертства. Исто така, забавно е.“ пишува на блогот на Twitter.

Овие соработки се појавија неколку дена откако на Twitter се објави 5 милијардитиот твит.

{mosimage}



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments