0 коментари 1 мин. читање

Над 30 бесплатни видео игри на GOG

GOG или Good Old Games е една од нашите омилени продавници за дигитални видео игри. Ова е единствената продавница која ги продава сите игри без какви било DRM заштити, што значи игрите кои си ги купите се навистина ваши и можете да си ги инсталирате кога, каде и како сакате. Згора на тоа голем дел од игрите кои ги имате тука се култни класици и не можат да се најдат на некое друго место.

Моментно, на продавницата доминираат неколку интересни промоции.

На едно место, Prince of Persia: The Sands of Time се продава со 83% попуст, а на друго се посветува цела недела на француски компании и се нудат над 350 зделки со попусти до 90%.

Но, главната причина поради која ја споменуваме продавницата се триесетина целосно бесплатни игри, класици кои ќе ве вратат во времето со ретро графиката, застарените механики и безмилосниот предизвик. Па така, доколку имате време и воља, преку следниот линк, ќе можете да си се почестите со култната RPG игра The Elder Scrolls II: Daggerfall, симпатичната авантура Somorost, бруталната и неопростива POSTAL , комплексната RPG – Eshalon, нашата омилена игра со врколаци – Sang-Froid: Tales of Werewolves, дел од Ultima серијалот и многу, многу други!

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top