Над 200 веб сајтови во САД се затемнија во знак на протест против CISPA

Повеќе од 200 веб сајтови во САД во моментот се затемнети и ќе останат така во текот на целиот ден, како знак на протест против контроверзниот закон CISPA (Cyber Intellegence Sharing and Protect Act). Законот, за кој што борците за граѓанските слободи велат дека приватни фирми без судски налог ќе можат да пристапат до корисничите податоци, беше изгласан од долниот дом на американскиот Конгрес со големо мнозинство. Законот сега ќе се најде на гласање пред Сенатот.

Иницијатор на протестот се хактивистите Anonymous, а листата на сајтовите вклучени во оваа акција можете да ја видите овде. Anonymous уште во текот на минатата недела испрати порака со хаштаговите #CISPAblackout и #StopCISPA на Twitter во кои повикува да се спречи законот. Anonymous сметаат дека овој закон ќе ја убие онлајн приватноста и ќе ги поништи законите кои налагаат големите корпорации да ги чуваат безбедно приватните податоци. Според CISPA, веб сервисите како Facebook, Google и други ќе можат легално да споделат кориснички информации со приватни компании и властите во обид да се спречи некој сајбер криминал. Во моментов тие податоци не мора да бидат енкриптирани ниту анонимни, што е против четвртиот амандмант на САД кој обезбедува приватност.

Основачот на Reddit, Алексис Оханиан, пак, се обиде да стапи во контакт со главните луѓе на Google и Facebook за да ги натера да застанат против законот.

„CISPA е закон кој ќе ги направи сите политики за приватност на Интернет шега. Овие три компании се за заштита на правата на своите корисници. Каде се „наоѓаат“ по прашање на законот кој ќе стави КРАЈ на приватноста?“, прашува г. Охаиниан.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments