Личниот асистент од Siri не само што може да одговори на прашањата на корисниците туку и ги памети разговорите направени во последните две години, вели LA Times. Доколку го избришете говорниот асистент, сите податоци снимени во последните шест месеци се бришат, но постарите сè уште ќе бидат обработувани од Apple. Siri е личен говорен асистент за iPhone и iPad кој преку говор ви помага да пребарувате, најдете добри локали или да постирате нешто. Често во разговор со Siri се кажуваат и податоци кои вообичаено сакаме да ги задржиме приватни, пред се бидејќи Apple ги охрабрува корисниците да гледаат на Siri како на „личен“ асистент.
„Siri собира многу податоци, па е потребно да се знае кои и како овие податоци се собираат и за што се користат како би можеле да бидат повнимателни.“, вели активистот за човекови прави Никол Озер на својот блог.
За среќа податоците кои ги внесувате во Siri по шест месеци се анонимизираат, а дури потоа се испраќаат на понатамошна анализа. Ваквите податоци Apple може да ги сподели со останатите соработници или да ги сочува за сопствена обработка, иако компанијата не наведува дека ги споделува податоците.
„Гласовните податоци кои се внесени, а од која е избришани личните податоци на корисникот, може да бидат задржани за подобрување на Siri и останатите услуги и продукти на Apple.“, стои во изјавата за приватност на компанијата.
[youtube]L4D4kRbEdJw[/youtube]








Siri, you bitch!
:)