Француски новинар e казнeт бидејќи објави документи кои ги најде преку Google

Францускиот суд го казни новинарот и активист Оливие Bluetouff Лаурели со парична казна од 3.000 евра бидејќи објави доверливи документи. Но, проблемот е што судот го прогласи за виновен поради објавување на документи кои беа достапни преку линк на Google. Линкот кој г. Лаурели го пронајде води до 7,7 гигабајти податоци од јавното здравство кои тој ги индексираше и ги сподели со јавноста.

Бидејќи податоците се од јавното здравство, а ANSES е јавна установа, г. Лаурели, како и секој новинар, почуствува потреба да ги сподели со јавност. Но, откако ги виде слајдовите сфати дека направи грешка, вели Ars Technica. Дел од податоците се всушност на компанијата ANSES, и се дел од патент за нано-субстанции на кои работи јавната компанија. Поради ова компанијата го обвини за „неовластено влегување во компјутерски системи и кражба на податоци од нивните сервери“. Бидејќи г. Лаурели употребува VPN преку Панама, ова дополнително ги алармирало француските полицајци, иако компанијата преку која оди VPN е во негова сопственост.

„Ние (ANSES) започнавме со внатрешни технички испитувања во обид да го откриеме методот кој го искористиле хакерите за да пристапат и да ги одземат документите. По овие анализи, дознавме дека е довлно да се внесе точното URL за да се пристапи до податоците, а со тоа да се прерипа авторизацијата.“

За неовластено користење и чување на податоци законите во Франција предвидуваат казна од 30.000 евра и две години затвор, но поради тоа што податоците на ANSES се достапни поради грешка и до нив може да се стигне без напад судот се одлучи за поблага казна, иако најголем дел од експертите во Франција се сериозно загрижени поради непознавањето на технологијата од судиите кои ги носат пресудите. Обвинителот кој го водеше случајот изјави „не ги разбрав половина од зборовите употребени денес“, а се чини дека и судијата не е запознаен со начинот на кој се логира.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments