2 коментари 1 мин. читање

MySpace се враќа со комплетен редизајн

Познатата поп ѕвезда и инвеститор во MySpace, Џастин Тимберлејк, претстави видео во кое го најавија редизајнираниот MySpace. Ова друштвена мрежа беше неверојатна популарна се додека не се појави Facebook. Откако започнаа да паѓа посетеноста, мрежата се фокусираше на забавна содржина привлекувајќи бендови, пејачи и други музички ентузијасти и претпоставките се дека ќе продолжи да биде мрежа која се фокусира на мултимедијална содржина.

Според тоа што може да се види од видеото, редизајнот изгледа фантастично. Не само што наликува на Pinterest со огромни фотографии, туку од контрола на интерфејсот се гледа дека е оптимизирана за користење на таблет компјутерите што е огромна предност.

Што точно ќе понуди мрежата ќе треба да почекаме да стартува. Датумот сè уште не е најавен.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top