Европа оди во облакот: До 2020 година треба да се вложат 45 милијарди евра

2 коментари 2 мин. читање

Европската Унија во својата стратегија сака да го забрза развојот на облакот, така што до крајот на 2020 година би можело да се отворат нови 3,8 милиони работни места и да оствари големи приходи.

Унијата ги предупреди владите и бизнисите да бидат подготвени до 2020 година да вложат 45 милијарди евра во облакот. Целта на ЕУ е до крајот на деценијата да оствари 900 милијарди евра БДП (бруто домашен производ) и отвори дополнителни 3,8 милиони работни места.

Услугите кои се нудат „во облакот“ овозможуваат голема заштеда во енергијата и софтверот за компаниите или владите кои имаат огромен број на податоци и на тој начин полесно ќе може да им пристапат и да ги обработуваат.

Уште во јануари е започната програма која ќе ги здружи сите проекти во облакот од земјите кои се членки на ЕУ и ќе развиваат заедничка стратегија за набавка. ЕУ тогаш стартуваше и сопствен софтвер за облакот во соработка со Optimus и финансираше 10,5 милијарди евра.

Европската комисија смета дека работењето во облакот е клучен елемент од планот за да се направи единствен дигитален пазар, во што првиот чекор би бил телеком операторите да се договорат околу стандардите за сигурноста, преносливоста на податоците и заштита на личните податоци.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top