0 коментари 2 мин. читање 25 септември, 2012

Новите Photoshop и Premier Elements 11 доаѓаат со нови филтри и полесен интерфејс

Adobe ги најави Photoshop Elements 11 и Premiere Elements 11, кои се нови верзии на софтверот за едитирање фотографии и филм. Апликациите се наменети за почетници со софтвер за едитирање на фотографии и филм.

Elements Photoshop е едноставна, но сепак моќна алатка која работи  со енџинот на CS6 Photoshop. Едноставноста е тоа што Adobe го посакува бидејќи овие апликации треба да бидат вовед за новите корисници за понапредните програми.

Во најавата Adobe вели дека новите верзии на софтверот ќе бидат дури и  поедноставни за користење од досегашните. Корисничкиот интерфејс, па дури и боите на позадината и иконите се одбрани за полесно снаоѓање на новите корисници. Новитетите главно се филтри, и тоа што корисниците од Европа ќе можат да го споделат фотографиите на Cewe. И во Premier Elements, новитет се филтрите кој се инспирирани од познати холивудски фимови.

Препорачана цена за софтверот е 100 долари за секој или 150 долари за пакет од двете апликации. Надградба од Adobe Photoshop Elements  10 и Adobe Premier Elements 10 ќе чини 80 долари за секоја посебно или 120 долари за двете апликации заедно.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top