0 коментари 2 мин. читање 17 септември, 2021

Вештачката интелигенција може да ги надгледува постарите лица од дома

Dorset Council, во соработка со Lilli, ја надгледуваат добросостојбата на постарите пациенти преку користење вештачка интелигенција. Во времетраење од три месеци, пациентите ќе имаат шест до девет сензори во нивните домови, но не и камери. Сензорите ќе можат да детектираат секојдневни активности, како отворање фрижидер или готвење, но и невообичаено или загрижувачко однесување, како често одење во тоалет за време на ноќта.

Компанијата Lilli, која е заснована во Велика Британија, смета дека со нивната технологија значително ќе се намали бројот на домашни посети од страна на здравствените работници, со што се намалуваат трошоците на Dorset Council. Според некои нивни пресметки, доколку сензорите глобално се распространат и непречено функционираат, ќе се заштедат 250 000 фунти, на годишно ниво.

Од една страна, претставник од Lilli објаснува дека со нивната технологија значително ќе се намалат трошоците на здравствените институции затоа што сензорите во реално време ја следат ситуацијата директно во домовите на постарите лица, но од друга страна, многу експерти реагираат дека ваквото нешто значително ќе ја зголеми осаменоста. Според експертите, постарите лица се чувствуваат многу подобро по извршена посета кај лекарот.

За да се инсталираат сензорите во домовите, потребна е писмена дозвола или од постарите лица кои живеат тука или од ополномоштени лица. Податоците кои се извлекуваат со сензорите се шифрирани и до нив има пристап само компанијата која ќе се грижи за лицата.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top