Поефтиниот iPhone 4 ќе има 8 GB меморија и ќе се појави во наредниве недели?

во Мобилни

Се поверојатно е дека наскоро ќе видиме поефтин iPhone модел. Најновата шпекулација е дека во период од неколку недели ќе видиме поефтина верзија на iPhone 4 со 8 GB меморија, наспротив 16 и 32 GB како што ги имаат сегашниве модели.

Според два извори кои ги цитира Reuters, корејски производител веќе почнал да произведува 8GB флеш меморија за iPhone 4. Изворите се анонимни бидејќи информациите не се јавни, и бидејќи Apple бара тајност од вработените и производителите кои работат на новите продукти.

Овие модели со 8 GB меморија ќе бидат поефтини, наменети за помасовниот пазар, но се уште никој не споменува колку всушност ќе бидат поефтини. Сегашниве модели се со цена од 35-40.000 денари. Дури и 50% поефтини пак би значело дека ќе бидат поскапи од поголемиот дел на други паметни телефони.

Може да се претпостави дека Apple ќе ги претстави овие нови модели со претставување на iPhone 5 при крај на септември или во октомври.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments