MПЦ го омекна ставот; поповите може да користат Facebook

во ИТ.МК

Владиците, свештениците и останатите црковни лица повторно можат безгрижно да комуницираат преку Facebook со верниците. Синодот на МПЦ ја ревидираше својата одлука и сега ќе им дозволува на поповите и владиците да комуницираат на друштвените мрежи, но исто така им и дека друштвената мрежа треба да биде користена разумно.

„Ќе се допрецизираат начините на кои ќе може да се користи оваа социјална мрежа со оглед на реакциите кои се појавија во јавноста откако беше донесена одлуката“, изјави епископот Климент.

Прва со реакција се огласи Европската епархија со која раководи владиката Пимен, кој сподели фотографија на основачот на мрежата Марк Зукерберг со „Ми се допаѓа“ знакот во рацете. Претходната одлука со која Синодот забрани користење на друштвената мрежа предизвика револт кај дел од верниците, но и кај владиците кои не се согласија со одлуката. Останува неизвесно дали владиките кои користат друштвените мрежи успеале да ги убедат останатите за користа од Facebook со кој би можеле да допрат до корисници од подалечните епархии, па дури и до луѓе кои вообичаено се незаинтересирани за религија.

„Големиот процент на користење на интернет за информации и комуницирање, не упатува на предизвикот низ оваа технолошка форма, да се антиципира и актуелизира творечкото влијание на отците на црквата врз современиот свет“, вели порталот Премин.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
гоце
гоце
12 years ago

како е ова вест за на портал што се занимава со технологија? го спуштате нивото упорно.

Виктор Дано
12 years ago
Reply to  гоце

A зошто не е? Се работи за организација која е архаична и се води според верувања поставени од пред 2.000 години. Потрадиционално не може да биде, а сепак се препукуваат за Facebook. Тоа ти кажува дека нивните верници се таму, и црквата мора да се адаптира на новото дигитално секојдневие. Ова не само што е вест за на ИТ портал, туку вакви треба да има повеќе. :))