0 коментари 2 мин. читање 19 јули, 2012

Малиот компјутер Raspberry Pi испрати слики од Вселената

Дејв Акерман беше во право кога помисли дека малото компјутерче Raspberry Pi коe чини само 35 долари, има 700 Mhz процесор и работи на Linux, ќе биде одлично решение за неговото хоби да испраќа хелиумски балони кон Вселената. Неговата цел беше да ги направи своите први фотографии од високо во атмосферата, но, интересно, резултатите што ги доби се сметаат дека се првите фотографии во светот направени на таа височина од аматерски уред.

Raspberry Pi, поврзан со ефтина камера преку USB портот, успеа да пренесе фотографии од балон на височина од 40 километри, што е скоро надвор од атмосферата и надвор во Вселената каде има температури од минус 50 степени.

[youtube]KGLB9-LdpYM[/youtube]

„Pi не е очигледното решение за ова. Го одбрав компјутерот бидејќи беше на мојата маса и помислив дека би било интересно нешто.“, вели г. Акерман на својот блог објаснувајќи дека во своите претходни летови користел Arduino Mini Pro уреди, но тие се доста поскапи.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top