0 коментари 2 мин. читање 18 јуни, 2012

Mozilla Јunior е прототип прелистувач за iPad

Мozilla работи на мини-прелистувач за iPad. Во презентација на своите колеги, програмерот на Mozilla Алекс Лими го претстави Junior – прелистувач наменет за мобилните уреди кој ќе понуди нешто повеќе од моменталната апликација која овозможува само синхронизација меѓу десктоп компјутерите и iOS уреди.

„Има многу причини зошто треба да сме на iOS иако не може да го донесеме нашиот рендеринг енџин таму.“, вели г. Лими признавајќи дека Mozilla заостанува на мобилниот пазар кој расте се побрзо.

Според прикажаното демо, кое може да се види во видеото подолу, Junior има кориснички интерфејс кој има само две копчиња –
стрелка за враќање на страната, а второто е плус симболот за отварање на нова страна. Но, овие копчиња можат да се отворат и да се искористат како Reload, Forward или Print. Веб страните се една до друга и се прелистуваат со мало движење, а доколку е iPad-от вертикално поставен тие се прелистуваат вертикално. Со клик на екранот се отвара главно мени каде се складирани сите отворени страни, заедно со тие кои се зачувани (букмаркирани).

Јunior останува прототип на Mozilla, без датум кога ќе биде завршен и објавен.

[youtube]q5HPjhZeLYE[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top