Сигурно до сега сте добиле куп пари од непознати лица, или пак сте добиле европска лотарија, можеби уште полошо, ви ги украле податоците од кредитната картичка или не ви стигнало тоа што сте го нарачеле и платиле. Oвие измами не се нешто ново на интернет, но вознемирувачки е што успеле да направат неверојатна штета од 600 милиони долари во 2010-та година, ни открива инфографикот на Background Check.
Неверојатно е да се види дека трендот на измамите продолжува да расте. Се чини дека безбедносните мерки, ниту едукацијата на корисниците не може да ја спречи штетата од измамите кои потекнуваат од САД, Гана, Шпанија, Нигерија, Камерун, Малезија и Кина.
Како да се заштитите? Првин осигурајте се дека сте на валиден и оригинален сајт. Пред да платите проверете дали плаќате на сајт на кој што му верувате и никогаш не плаќајте однапред без да сте сигурни дека тоа што сте го нарачале ќе пристигне. И секако, не верувајте на ниту еден имејл кој ви нуди пари или лесна заработувачка, посебно не на тие мејлови кои бараат лични информации. Ниту на тие спамови преведени на македонски преку Google Translate!









Non-specific Bumf France Sante