Mozilla го објави Geode

во Свет

{mosimage}Фондацијата Mozilla и официјално ја објави тест верзијата на софтверот за гео-локација Geode кој во иднина се планира да биде интегриран во прелистувачот Firefox, почнувајќи од верзијата 3.1. Системот ги подржува спецификациите за геолокација на W3 конзорциумот и се очекува да го подобри веб искуството на корисниците.

Geode откако ќе се инсталира работи на принцип во кој користејќи ја Loki технологијата ги означува безжичните сигнали во околината и додатно овозможува на дадени веб сајтови директно да побараат информации за вашата географска локација, кои корисникот може да одлучи да ги сподели или не.

Целта на овој сервис, според блогот на Mozilla Labs e:

"Пристигнувате во нов град, нов континент, нов кафиќ. Не знаете баш каде сте и барате добро место за јадење. Го вадите вашиот лаптоп, вклучувате Firefox и го посетувате вашиот омилен сајт за рецензии. Сајтот автоматски ја регистрира вашата локација и ви посочува вкусни сугестии кои се на неколку улици од вас и притоа ви ги посочува дирекциите."

{mosimage}

Geode потсетува многу на неодамна објавениот сервис на Yahoo! кој исто така ја искористува вашата геолокација, FireEagle.

Но засега се чини дека овие сервиси работат само во САД и Канада каде што сателитските мапи и онлајн присуство на локалните бизниси е на големо ниво.

Искористувањето на локацијата на корисниците за разни цели дефинитивно е најдоброто ново нешто штом големите компании како Yahoo!, Mozilla а наскоро да очекуваме и Google и Microsoft се вклучуваат во играта и посветуваат големо внимание и ресурси на овој тренд.

Geode можете да го тестирате на следниов линк: https://people.mozilla.com/%7Edolske/dist/geode/geode-latest.xpi

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments