0 коментари 2 мин. читање

ИТ Македонија: Судски одлуки и ѓубретари онлајн

{mosimage}Судските пресуди ќе се најдат онлајн на www.pravo.org.mk. Ова е нешто ново и доста корисно, досега на истата веб-страна можеа да се најдат сите закони и нивните измени.

Ова значително ќе придонесе кон квалитетот и ефикасноста на работата на судовите, а граѓаните поефикасно ќе бидат информирани за судиската практика на Врховниот суд – рече Јово Вангеловски, претседател на Врховниот суд.

Ваква практика на „отворено“ судство се практикува од Хашкиот трибунал и од Европскиот суд за човекови права во Стразбур, односно одлуките на судиите на секој спор се објавуваат. Нормално личните податоци ќе се бришат, но името на судијата и неговата одлука ќе бидат објавени што предизвикува нервоза кај судиите во Македонија.

{mosimage}

Меѓутоа ова е прв чекор во разбивањето на корупциските редови, бидејќи секој судија двапати ќе размисли каква пресуда ќе донесе знаејќи дека со тоа би можел да биде на удар на јавноста – изјава судски извори за Нова Македонија.

Ако се земе во предвид и последната вест „Судовите сеуште под влијание на другите власти и нетранспарентни“ објавена на Алсат-М има зошто да се биде нервозен.

Ѓубретари онлајн
Поточно камионите на јавното претпријатие „Комунална Хигиена“ сега имаат ГПС (глобален систем за позиционирање). Наскоро на сајтот на „Комунална Хигиена“ ќе постои и опција за граѓаните да ги следат камионите во своето маало.

{mosimage}

Инаку со оваа новина комуналното претпријатие ќе заштеди и на трошоците за гориво.

Со овој систем ќе ги намалиме трошоците за горива за 30 отсто. Се случуваше досега вработените да ги користат возилата за вршење приватни работи или да прават пауза повеќе од дозволените 30 минути, па работата остануваше недовршена. Затоа сега точно во секој момент ќе знаеме кое возило се движи и собира ѓубре, а кое не – изјави
директорот на ЈП "Комунална хигиена" Златко Димовски за Вест.

*Забелешка : Иако ова е интересен напредок за Македонија во ИТ светот, медиумите кои што ги објавија вестите сеуште ги објавуваат веб-страниците со кириличен фонт њњњ.кхигиена.цом.мк и слично.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top