Нова книга за Windows Vista и Office 2007

во Рецензии

{mosimage}Веќе подолго време информатичката технологија е присутна во сите сфери на делувањето на луѓето. Сепак, сè уште кај корисниците кои за прв пат се среќаваат со проблематиката на користење на компјутерите чувствуваат одредена несигурност заради навидум сложениот начин на употребата на овие технологии.

Цел на оваа книга е да овозможи едукација на луѓето за примена на најновите продукти на информатичката технологија, наменети за канцелариско работење. Идејата е почетниците во користењето на компјутерите како и на напредните корисници да им се понуди начин за лесно и разбирливо претставување на концептите кои се вградени во компјутерските апликации.

Она што е суштествено во овој процес е на читателите да им се претстават решенија за најчестите проблеми со кои би се соочиле во работата со овие продукти. Најголемиот број компјутери во светот користат некој оперативен систем од семејството Windows.

{mosimage}

Во книгава е обработен оперативниот систем Windows Vista што претставува најнова верзија во моментот на пишувањето на книгата. Може да се претпостави дека и евентуалните следни верзии на Windows ќе имаат слична концепција како што Windows Vista има голема сличност со претходникот Windows XP.

Оттука произлегува и нашата верба дека книгава нема да биде со век, туку дека ќе биде од корист и при појавата на следната верзија на оперативниот систем Windows.

Од друга страна пак, на компјутерите ширум светот ниту еден програмски пакет не е позастапен од Microsoft Office. Како и Windows, така и Office има свои верзии, а последната и во моментот актуелна е верзијата Microsoft Office System 2007.

Токму верзијата Office 2007 е тема на поголем дел од книгава. Microsoft Office како колекција програми постои веќе петнаесетина години и во тој период се имаат искристализирано неколку изданија од аспект на потребите на корисниците и потребните средства за набавка на колекцијата. Во книгата е обработена верзијата Microsoft Office 2007 Standard Edition.

Книгата е пишувана за корисници кои немаат искуство во работата со Windows и апликациите на Office и за оние кои би сакале да научат нешто повеќе. Во однос на терминологијата, во книгата се користат називи и поими кои им се добро познати на читателите и веќе се наметнале во секојдневниот говор. Колекцијата Office и секој од нејзините елементи како и сите елементи заедно имаат огромни можности. Нивното детално и целосно опишување многукратно би го надминало волуменот на оваа книга.

Сепак, за најголем број корисници доволно е познавање во многу помал обем. Всушност огромен процент од нивните потреби се задоволува со сосема мал дел од можностите што ги нуди Office. Идентификувањето на тој дел и негова презентација во книгава беше нашата главна цел.

Авторите Симе Арсеновски и Иван Краљевски

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments