Можеби очекувавме премногу од Apple. Но, нивниот Аpple Watch не е ништо подобро дизајниран од другите, ниту пак е покул од Moto 360. На презентацијата заедно со iPhone 6 и iPhone 6 Plus, беше претставен и iWatch, кој и покрај претпоставките сепак доаѓа под името Apple Watch. За новиот часовник од Apple тврдат дека е „најперсонализираниот уред кој го направиле до сега“. Според најавата Apple Watch ќе биде достапен од 2015 година, а цената на најевтинот ќе биде 350 долари.
Што нуди првиот часовник од Apple?
Apple Watch доаѓа во две големини од 38 и 42 милиметри. Изработени се три различни модели од нерѓосувачки челик, алуминиум и ексклузивен модел од 18-каратно злато, секој од часовниците доаѓа со шест различни ремчиња и механизам за нивно менување. Часовникот доаѓа со четири сензори жироскоп, акцелерометар, монитор на работа на срцето и „Taptic Engine“ за регистрирање на влез. Последниот сензор овозможува разликување помеѓу допир и притискање. Тука е и копчето од страна кое е „замена“ на копчето за навивање и овозможува навигација и управување со апликациите како на пример зумирање.
[youtube]ktujsc4ZUTo[/youtube]
Apple Watch доаѓа со Siri интегриран гласовен асистент, мапи и апликација за фотографии, апликации за фитнес и вежби. Апликациите ќе ги собираат податоците од вежбањето и биометриските податоци и ќе го мотивираат корисникот да биде физички поактивен. Споствениците на Apple TV ќе можат да го користат за контрола на Apple TV, друга можност која ја нуди Apple Watch e користење како воки-токи. Полнењето на Apple Watch, како и на Moto 360 е по пат на индукција. За жал нема премногу податоци за батеријата, но според најавите на Тим Кук може да работи 12 часови без полнење. Ова е речиси исто време со Moto 360, Gear Live и G-Watch кој добиваат сериозни критики токму поради ова.
[youtube]CPpMeRCG1WQ[/youtube]
„Дополнително, малку од новите интегрирани технологии се револуционерни. Срцевиот монитор може прецизно да ги мери здравствените податоци, но неколку апликации на iPhone веќе нудат слични можности. Плаќањето без контак е реплика на она што Европјаните веќе можат да го направат со кредитни или дебитни картички.“, вели BBC.
Сепaк неколку Android Wear часовници, пред се LG R-Watch и Moto 360, изгледаат далеку подобро од Apple Watch. Се чини дека токму цената може да биде најголема пречка за успехот на часовникот, бидејќи Moto 360 веќе чини 100 долари помалку, цена која дополнително би можела да падне пред излегувањето на Apple Watch. Се разбира за дел од корисниците кои ги сакаат своите iPhone телефони Moto 360 не е опција, токму тука лежи надежта на Apple, дека добар дел од заљубениците во нивните производи ќе го прифатат и часовникот.
Засега барем изгледа дека корисниците немаат причина да брзаат со купувањето на паметните часовници, за жал по се изгледа дека и покрај тоа што корисниците кои рано ја прифаќаат технологијата се најзаслужни за нејзиниот развој, најчесто првите верзии на уредите кои ги купуваат, не ја заслужуваат оваа доверба.
Отиде Apple по ѓаволите. Го немаат веќе она што ги одликуваше за време на Џобс. Саатот им е грд реално и според рецензиите далеку од едноставен за работа. Со iPad напротив работата е речиси интуитивна. Па и ова со презентацијата, на 9ти презентација на уреди, на 17ти презентација на новиот оперативен систем. ХАОС! Па часовникот со 6 различни ремчиња, па телефони во различни бои, па iPhone 5, 5s, 5c…. Баш тоа велам деновиве, да се разбуди сега Џобс, самиот ќе си поднесе оставка од Apple.
Od kade sega izleze toa deka “mozebi e grd”? Koj voopsto rece deka bil grd…
Ние, и многу други. :) Apple Watch не изгледа ништо подобро од Samsung Gear 2, и далеку полошо од Moto 360. Со оглед на тоа дека часовниците се модни додатоци, и со оглед на тоа дека Apple постави тренд со iPhone и iPad кои се супериорно дизајнирани споредено со другите слични уреди, тогаш Apple Watch едноставно е лош.
Паааа, цел свет!