0 коментари 2 мин. читање 9 септември, 2014

Големината е важна! Аpple го претстави новиот iPhone 6 и огромниот iPhone 6+

Иако директорот на Аpple, Тим Кук, триумфално на сцената во Купертино изјави дека „го најавуваме најголемото унапредување во историјата на iPhone“, сепак промените во дизајн доаѓаат под притисок на конкуренцијата која бараше вистински голем конкурент – и го доби во 4,7 инчниот iPhone 6, и под притисок на фановите кои бараа поголем екран – и го добија огромниот 5,5 iPhone 6+.

Двата нови iPhone 6 телефони отстапуваат само од дизајнот на Apple, кој седум години прави уреди кои ги собира во џеб, и тоа во големината на екранот. Тие повторно се прекрасно изработени алуминиумски телефони, тенки само седум милиметри, со моќен А8 процесор, изработен со нанометарски процес со 50 отсто помоќна поддршка за графика, кој гарантира дека iOS 8 ќе функционира беспрекорно.

Поради поголемите димензии, и двата модели имаат Retina HD екрани со 1334×750, односно 1920×1080 резолуција за 5,5 инчниот iPhone 6+. Екраните се малку заоблени и влегуваат во телото на телефонот, за да го направат изгледот да биде подраматечен, и потенок. Интересно огромниот екран прави проблем со сурфањето, па Apple воведе нова функционалност Reachability за екранот на допир, со која може целиот сајт кој се прегледува да се спушти надоле за да се дофатат копчињата на прелистувачот.

iPhone 6 и iPhone 6+ се достапни од 12-ти септември на селектирани пазари, и ќе чинат околу 300 долари со договор со оператор. 4

[youtube]RwaaPXLg5uc[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top