Apple ги претстави iPhone 6 и iPhone 6 Plus и освен што за прв пат компанијата презентира два телефони со различна големина, а телефоните доаѓаат со дел нови функции. Новите телефони доаѓаат со нов A8 кој ќе биде 13 отсто помал, 25 отсто побрз и 50 отсто поефикасен од досегашниот А7 процесор, кој и така онака веќе беше доволно брз за телефон, но се чини дека сепак приматот на Tegra K1 на Nvidia останува незагрозен. Сепак во комбинација со M-процесорот ќе може да се пресмета не само растојанието кое е поминато туку и елевацијата, а телефоните доаѓаат и со интегриран барометар кој го мери притисокот. Со овие измени новиот iPhone ќе биде значително подобар кога е во прашање следењето на фитнес и вежбањето на корисникот.
[youtube]FglqN1jd1tM[/youtube]
Една од функционалностите која е предизвикана токму од различната големина на дисплејот е скларирањето на апликациите во зависност од екранот. Оваа функционалност ќе дојде вметната во iOS 8 кој е најавен за 17 септември. Ова ќе им овозможи на развивачите да ја креираат својата апликација за еден екран, наместо рекреирање за двете верзии. Сепак доколку сакаат да го искористат поголемиот екран за додавање поголема функционалност на апликациите програмерите ќе треба да го преработат својот код.
[youtube]FglqN1jd1tM[/youtube]
[youtube]SHPACRa6Vq8[/youtube]
