0 коментари 2 мин. читање 19 март, 2014

Motorola 360 е првиот паметен часовник со Android Wear

Motorola е првиот произведувач кои излезе со часовник со новиот оперативен систем Android Wear. Часовникот е наречен Moto 360 и повеќе наликува на класичен часовник, отколку на останатите паметни часовници. Сепак секако најважно е што Moto 360 е првиот паметен часовник кој изгледа навистина добро.

Како и останатите часовници кои ќе доаѓаат со Android Wear и Moto 360 сe активира со гласовни команди. Се што е потребно е да се даде командата „Ok Google“, а потоа може да се постави прашање, да се испрати текст порака или интеракција со некоја од апликациите.

Една од функциите од паметниот телефон Moto X, кои се имплементирани е вклучувањето кога ќе се направите гестикулација која му „кажува“ на часовникот дека го гледате. Во овој случај може да видите кој ве бара на телефон, следниот настан во распоредот или информации од социјалните мрежи.

Moto 360 глобално ќе биде достапен летово. Засега нема никакви податоци за хардверот, но како ќе се приближува времето на излегување ќе ги дознаеме и првите информации.

[youtube]dnerqDWwVgg[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top