Android Wear е прекрасната платформа на Google за паметни часовници

Google ја претстави својата замисла за тоа како треба да изгледа оперативен систем кој ќе се користи во преносни комјутери и ако судиме по првите часовници изгледа навистина одлично. Android Wear е креиран за сите следни преносни компјутери, а најпрво имаме можност да ги видиме часовниците.

Идејата зад оперативниот систем е едноставност, прикажување на информациите кога ќе бидат најпотребни. Известувања ќе доаѓаат од сите апликации кои ќе бидат инсталирани, од друштвените мрежи, апликациите за текстуални пораки или нотификациите од сите други сервиси. Оперативниот систем ќе функционира подеднакво, без разлика дали станува збор за правоаголни или кружни екрани и секогаш ќе има единствено едно известување на екранот.

[youtube]QrqZl2QIz0c[/youtube]

Можеби најважната разлика со досегашните часовници е интеграцијата на Google Now. По командата „Ok Google“, корисникот може да постави прашање, да повика такси или да испрати текстуална порака која ќе ја издиктира. Иако засега не може целосно да се согледа интеграцијата на Nest со новиот оперативен систем, можноста за давање на гласовни команди за отворање на вратата од гаражата на пример, може да биде кус увид во идната интеграција.

Слично како и кај останатите часовници, и оние кои ќе го користат новиот оперативен систем ќе продолжат да бидат фитнес додатоци кои ќе ја презентираат податоци како: моменталната брзина, истрчаните километри и потрошените калории. Новите часовници ќе бидат и своевиден далечински управувач за останатите паметни уреди. Без разлика дали ќе даваме команди за почнување на музиката од паметниот телефон или менуваме на каналите на телевизорот, отсега сето ова ќе може да го правиме од зглобот на раката.

Првите часовници кои доаѓаат со Android Wearable се од LG и Motorola, но компанијата има договор и со Asus, HTC, Samsung, Fossil Group, Broadcom, Imagination, Intel, Mediatek и Qualcomm.

[youtube]0xQ3y902DEQ[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk