Moros Protocol: Ретро естетика и модерна бруталност во длабочините на вселената

во гејминг

Moros Protocol е наслов што ветува уникатно искуство преку смело комбинирање на три различни стилови:

  • брзината на класичните boomer shooter-и,
  • непредвидливоста на roguelite механиките и
  • предизвикот на souls-like битките со босовите.

Чедото на Pixel Reign ве фрла во мрачните ходници на Орфеј, напуштен воен брод што лебди изгубен во вселената, исполнет со ужаси. Се будите без сеќавања, без сојузници, водени само од инстинктот за преживување и мистериозен глас што ве турка напред. Дали ќе се осмелите да го започнете бруталното патување каде што секој чекор може да биде последен?

Moros Protocol со брза акција во прво лице, акција која потсетува на легендарните игри од 90-тите и раните 2000-ти. Слично на Doom и Quake, aкцентот е ставен на постојаното движење, избегнување на непријателски проектили и вешто користење на арсеналот. Сепак, играта го надградува овој концепт со roguelite елементи. Секое ново започнување ве носи низ процедурално генерирани нивоа кои се комбинација од преубави, рачно изработени секции и изобилство од нови предизвици и распореди на непријатели.

Дополнителна длабочина се додава преку системот на модификации (augments) и оружја што ги наоѓате, кои го диктираат вашиот стил на борба и ве принудуваат да се прилагодувате. За оние кои сакаат да го навлезат во искуството со пријател, играта нуди и drop-in co-op режим за двајца играчи, каде што пријател може да се приклучи во секое време и да помогне во борбата. Иако ја цениме можноста за ко-оп и поразличното искуство кое произлегува од играње со пријател, MP апсолутно сјае и како соло наслов.

Наместо да се стреми кон фотореализам, играта свесно избира ретро естетика со ниско-полигонални модели и намерно крцкави пикселизирани текстури. Овој пристап не е резултат на технички ограничувања, туку е уметнички избор што успешно ја евоцира ерата на раните 3D игри. Носталгичната презентација е збогатена со модерни техники на рендерирање, како што се динамично осветлување и сенки, кои создаваат мрачен и угнетувачки научно-фантастичен амбиент. Светлината на вашиот фенер што ги открива распаднатите ходници и морничавите силуети на непријателите создава постојано чувство на напнатост. Звукот игра подеднакво важна улога. Езивиот звучен дизајн, исполнет со далечни крици, метални звуци и атмосферска музика, го засилува чувството на изолација и опасност додека го истражувате напуштениот брод.

Moros Protocol не е игра за секого; таа е наменета за специфична публика која ужива во висок степен на предизвик и ја цени ретро естетиката. Ако сте љубител на класичните FPS игри, оваа игра ќе ви понуди модерна интерпретација на тоа искуство, но замаскирана во ретро визуелно опкружување. Доколку уживате во roguelite наслови, пак, Moros Protocol го пренесува тој концепт во прво лице на многу успешен начин.

И, за крај, ако сте подготвени за брутални битки со босови кои бараат трпение, учење на шеми и беспрекорна изведба, и тогаш сте на вистинското место. Со својата уникатна фузија на жанрови, атмосферски свет и интензивна акција, Moros Protocol е игра која треба да ја имате на вашиот радар, особено доколку барате вистински тест на вашите вештини.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk