G3250 Vector G14 V2 Cube: задоволителен компромис помеѓу цена и перформанси

во Хардвер

Кога се работи за пронаоѓање на вистинската конфигурација, поголемиот дел од корисниците бараат конфигурација која што ќе успее да понуди оптимален баланс помеѓу перформансите, цената и долгорочната употребливост. Сите сакаме нешто исклучително силно, но, можеби немаме или не сакаме да потрошиме многу пари. И тука, обично, се јавува проблемот. Системот G3250 Vector G14 V2 Cube е најблискиот баланс на кој имаме наидено до сега. Оваа мини чудовиште е опремено со Intel Core i5-14400F процесор, 16GB DDR5 меморија, брз NVMe диск од 1TB и графичка картичка од новата генерација.

По само неколку дена, ни стана јасно дека конфигурацијата е дизајнирана да ги задоволи потребите на широк спектар на корисници – од страствени гејмери кои бараат високи перформанси во поголемиот дел најнови наслови, до професионалци и креативци на кои им е потребна сигурна и брза работна станица.

Многу конфигурации фаќаат кратенки во една или друга област, но овој Vector не прави такви безобразни компромиси. Наместо да се фокусира на екстремни компоненти во една област, оваа конфигурација цели кон интелигентна синергија помеѓу сите делови, создавајќи хармоничен и доволно моќен систем кој ќе може да ги „издржи“ моментните и, со малку среќа, и идните наслови.

Како дојдовме до оваа конфигурација и по која цена?

PowerCube Персонален компјутер G3250 Vector G14 V2 Cube i5-14400F/ 16GB DDR5/ NVMe 1.0TB/ RTX5060 8GB се продава од продавницата Сетра по цена од 46,990. Ние ја имавме среќата да ја најдеме на Ананас и да го искористиме нивниот ваучер кој ја дополнително намали цената за 5000 денари, што значи цената која ние ја плативме беше 41,999 денари.

Под хаубата

Во сржтта на овој систем се наоѓа Intel Core i5-14400F, процесор од 14-тата генерација на Intel кој носи значајни подобрувања во ефикасноста и моќта. Иако е далеку од најмоќните процесори, со својата хибридна архитектура, оваа парче хардвер интелигентно ги распределува задачите, со што се ослободува максималната моќ за главната задача.

Работата на процесорот е надополнета со 16GB DDR5 RAM меморија, која работи на значително повисоки фреквенции и нуди поголем пропусен опсег во споредба со претходната DDR4 генерација. Оваа комбинација осигурува дека процесорот никогаш не останува “гладен” за податоци, што резултира со побрзо вчитување, помазно мултитаскинг искуство и севкупно поодзивен систем.

Вградениот NVMe SSD со капацитет од 1TB е компонента што драстично го подобрува секојдневното користење, вчитувајќи ги игрите скоро инстантно. Чисто за пример, четири различни инстанци од Guild Wars 2 беа вчитани за седум секунди, додека неодамна излезената METAL EDEN (за која имаме и рецензија и интервју), се вчитува за 2 секунди (еднаш штом влезете во главното мени). На сличен начин, штотуку излезената Dying Light: The Beast се вчитува за десетина секунди. Borderlands 4 има еден куп технички проблеми, но релативно брзо се вчитува, фрлаќи не во акцијата инстантно. И, рака на срце, релативно добро се игра, со оглед на лошата оптимизација.

Графичката компонента, RTX 5060 8GB, се позиционира како наследник на исклучително популарната RTX 4060. Оваа картичка е идеална за гејминг во Full HD (1080p) резолуција со максимални графички поставки и висок фрејмрејт, но исто така е повеќе од способна да понуди одлично искуство и во QHD (1440p) резолуција. Со поддршка за технологии како Ray Tracing за реалистично осветлување и сенки, и DLSS 4 (Deep Learning Super Sampling) со Frame Generation, бевме изложени на флуидно искуство кое во ниеден момент не нѐ разочара.

И, тука, нашиот краток и релативно едноставен преглед, одново не доведува до најважниот елемент – компромисот. Ова е одлична конфигурација, но само доколку сте првенствено задоволни со 1080 гејминг за најновите ААА игри. Да не не разберете погрешно. Со конфигурацијата игравме над 30 игри. Голем дел од нив, без проблем се играат во највисока графика и во 4К резолуција, од симпатичната инди Silksong па се до трогателната Clair Obscur: Expedition 33.

Но, мал број најнови ААА игри осцилираат во поглед на фрејмовите, константно скокајќи помеѓу 50 и 60 фрејмови, нешто што дополнително би се средило со идни закрпи за самите игри. Поради тоа, доколку сте во ред одредени игри да не можат да извадат минимум 60 FPS и доколку немате ништо против во користење DLSS, ова е одлична конфигурација за вас. За голем број од игрите, па дури и за сите (преку DLSS) без проблем можете да извлечете солидни и стабилни фрејмови на висока графика.  

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments